ISW: Што бара Русија за мир со Украина?

Според Институтот за проучување на војната (ISW) Кремљ ги повтори своите услови за мир со Украина – наводно бара територии во источна и јужна Украина за Русија и распуштање на украинската армија во иднина.



Во исто време, Кремљ продолжува да нагласува дека не сака да прави територијални отстапки во идните мировни преговори.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации (ОН) Василиј Небензја за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН на 17 февруари изјави дека Украина „неповратно го изгубила“ Крим, „Доњецката и Луганската народна република“ (се мисли на окупираните области Доњецк и Луганск), како и Запорожие.

Небензија навести дека мировните преговори треба да ја „корегираат“ ситуацијата во овие области, при што Украина треба да ги отстапи во целост, вклучително и околу 30 отсто од вкупната територија во регионите Доњецк, Запорожје и Керсон, кои момнтално не се под руска контрола.

Небензија, исто така, побара Украина да стане „демилитаризирана“ неутрална држава и да не се приклучува на никакви безбедносни сојузи или блокови.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 17 февруари ја отфрли можноста Русија да направи територијални отстапки за време на идните преговори.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во јуни 2024 година дека Украина треба да ги повлече своите сили од и да ги отстапи сите неокупирани територии во споменатите области.