Ангелов: Предлог-законот за бранителите не е за – бранителите

Лидерот на Достоинство, генерал Стојанче Ангелов тврди дека предлог-законот за бранителите не се однесува за бранителите, туку за загинатите во двете хеликоптерски несреќи кај Блаце и Струмица, за загинатите во „Диво Насеље“, за сите загинати припадници на АРМ и полицијата од 1991 година до денес и за десетина семејства на загинати бранители од 2001 година.



Во „Аргумент плус“ на ТВ24 Ангелов рече дека ниту еден жив бранител не е опфатен со овој закон и терминот Закон за бранители е целосно погрешен.

„Просторот да се објасни оваа шашма што ја направи пратеничката (Славјанка) Петровска е многу мал. Пишувањата на Фејсбук ќе видат неколку илјади луѓе, како и гостувањето на било кој медиум…Кај граѓаните е вообичаено именувањето на овие закони како Закон за бранители…

СДСМ беа 7 години на власт и не донесоа Закон за бранители, ниту некое козметичко дополнување на постоечкиот закон, рече Ангелов во емисијата „Аргумент плус“.