Авион на „Делта ерлајнс“ се преврте при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто, објави канадската телевизија CTV News. Авионот со 80 луѓе пристигнаал од Минеаполис.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека авионот се превртел.
Првично беше објавено дека 8 се повредени, подоцна стана јасно дека 18 лица се пренесени во локалните болници по авионската несреќа. Нивната состојба не е прецизирана.
Никој од повредените не е во критична состојба, иако првично беше објавено дека тројца се тешко повредени.
Не е јасно што ја предизвикало несреќата. Во Торонто изминатата недела имаше обилни снежни врнежи. На аеродромот падна 53,6 см снег – повеќе отколку во последните три месеци заедно.
„Пистата беше сува и немаше спротивен ветер“, изјави на брифингот шефот на пожарникарството на аеродромот Тод Ајткен, додавајќи дека Одборот за безбедност на транспортот сè уште ги истражува причините за несреќата.
Кога авионот се приближи до аеродромот, се преврте, удри во пистата и се запали, висевме наопаку, изјавија некои од патниците, пренесува CNN.
Only 8 people reported injured thus far in this Delta plane crash in Canada
We call that a miracle pic.twitter.com/Qi4UVMcnkn
— DC_Draino (@DC_Draino) February 17, 2025
Guy recording his exit from the flipped over plane in Toronto with the only reaction possible pic.twitter.com/VbQ0DlHwTt
— Wu Tang is for the Children (@WUTangKids) February 18, 2025






