Трговците ги доставија предлозите за намалување на цените до Владата, министерството за економија и до пазарниот инспекторат. Телевизија Телма пренесува дека утре на седница ќе се разгледуваат. Од Владата соопштиле дека биле доставени два предлога – едниот е за намалување на маржите, а другиот за спуштање на цените на одредени прехрамбени и непрехрамбени производи.
Според, неофицијални информации до Министерството за економија пристигнати биле различни предлози од повеќе места и од дистрибутери, но и повеќе маркети испратиле листи со производи кои сметаат дека можат да ги поевтинат. Од комората не ја откриваат листатата, очекуваат до крајот на неделава да има одлука.






