Опозиционерот Младен Тањга е лицето кое преку објавени стихови на социјална мрежа директно му се заканувал на семејството на претседателот Александар Вучиќ.
Во објавената песна Тањга упатувал застрашувачки закани до семејството на претседателот Вучиќ.
Во заканата во вид на поема се вели дека опозиционерот ќе ја заколе мајка му на српскиот претседател, ќе го убие татко му а ќе ги мачи ќерка му, синот и брат му.

По наредба на Вишото јавно обвинителство на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал, полицијата го уапсила М.Т. за кривичното дело загрозување на сигурноста од член 138 ст.3.
Според написите на медиумите во соседството, тој на социјалната мрежа „Икс“ им се заканувал на српскиот претседател Александар Вучиќ и на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ.
„Јави и се на Ангела, јави му се на Шолц, јави му се на Путин, јави му се на Макрон, нека дојде и Трамп, исто го чека и него“, напишал на социјалната мрежа.






