Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го достави до Собранието барањето за интерпелација на Владата. Парламентарниот спикер Талат Џафери најави дека седницата за гласање доверба на владата ќе ја закаже во среда, откако опозициската ВМРО-ДМНЕ достави такво барање во Собранието.



Што е наведено како причина за гласање доверба на владата не е соопштено,  но се претпоставува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на критики за економијата и надворешната политика и обвинувања за селективна правда, криминал и корупција од членови на премиерскиот кабинет.

Премиерот Заев есигурен дека интерпелацијата нема да помине, а очекува набргу по гласањето за доверба да се зголеми сегашното парламентарно мнозинство.

Во вчерашното интервју за МИА претседателот на владата рече дека е против предвремени избори.

„Зошто сум против? Прво, критикував, кога се одеше на предвремени избори. Второ, доаѓам од деловниот сектор. Постојани избори се проблем за стопанството. Проблем се за секое семејство во планирањето. Чесно е, премиерот кога има такво чувство, да го сподели тоа чувство со граѓаните. И затоа реков: Јас не сум за предвремени избори. Чесно е, Владата да го истера својот мандат, до крајот на еден цел изборен циклус, односно четиригодишен мандат“.

За згласување недоверба на Владата потребно е просто мнозинство од 61 глас на пратениците.