Касами: Тетово има со Косово заедничко минато и иднина, која ќе ја градиме заедно со повеќе соработка

„Градот Тетово отсекогаш бил блиску до суверено Косово на секој чекор, делиме не само заедничка историја, туку и иднина, која ќе ја градиме заедно, со повеќе соработка, развој и напредок!“ – нагласи во својата честитка по повод независноста на Косово Билал Касами, лидерот на партијата Беса и градоначалник на градот Тетово, кој се наоѓа во Република Македонија. Празничната честитка на Касами ја објави ТВ 21.