Љубљана во напад на Париз, Пирц Мусар го обвини Макрон за дискриминација на ЕУ членките

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави дека само обединета Европа може да биде силен и рамноправен актер во меѓународните односи, незадоволна што нема да присуствуваат сите лидери на државите од Европската унија на денешната средба во Париз, на која се разговара за безбедноста и војната во Украина.



„Со голема загриженост ги следам случувањата поврзани со мировните напори во Украина. Само обединета Европа може да биде силна Европа, а со тоа и рамноправен играч во меѓународните односи. Само Европа која има почит низ целиот свет како политички, воен, економски и етички играч може да обезбеди безбедност (за луѓето) дома.

Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска во Париз закажа неформален состанок на европските лидери на кој ќе присуствуваат шефовите на владите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

Средбата на европските лидери доаѓа неколку дена по телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот руски колега Владимир Путин и нивната одлука директно да разговараат за Украина на самитот во Саудиска Арабија. Трамп вчера изјави дека наскоро би можел да има средба со Путин.

Пирц Мусар додаде дека на почетокот на руската инвазија сите европски земји застанале на страната на Украина, со цел да го заштитат нејзиниот територијален интегритет, но дека со текот на времето тоа единство слабее, што ја прави Европа ранлива.

Според неа, за тоа е свесна и новата американска администрација, инаку „немаше толку храбро да објави дека ќе воспостави мир во Украина без европските земји“.

Пирк Мусар изрази жалење што од Европа доаѓаат погрешни пораки за мировните напори во Украина, зборувајќи пред се за најавената средба во Париз и списокот на европски лидери кои учествуваат на неа.

„На симболично ниво, свикувачите на самитот во Париз му докажуваат на светот дека дури и во Европа државите не се третираат еднакво. Ова не е во духот на процесот на европска интеграција. Ова не е Европа за која се залагаме”, реагира словенечката претседателка.

Преходно и официјална Софија реагираше на селективниот собир во Париз

Разочарување во Софија

Бугарија не е повикана на „европската маса“ за Украина во Париз