„Судството, составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал, кој пак е еднаков на ДУИ и СДС. Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како ‘змии’, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети. Затоа се потребни промени.“ – истакнува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
Натаму ВМРО ДПМНЕ нагласува: Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, а никнаа корупцијата и криминалот. Уриваме негативни рекорди секојдневно, дословно судството може да држи лекции како да не одговараш, а да си корумпиран.
Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска, која преку Кацарска и Трпков си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката. Тандемот Трпков, Кацарска пресудија повеќе од 200 години затвор за 27 април, додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи.
Не треба да се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со притворите, жигосувањето, осудите на луѓето без пресуда и нивното политичко водење на случаите. Ова не проаѓа без нивниот сијамски близнак-јавниот обвинител во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да понесе одговорност, затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара.
Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски. Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството. Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек.





