Во колку лоша ситуација е Македонија сега во однос на името најдобро се гледа со споредба на предлогот даден од медијаторот Нимиц во април 2013 година и она што сега е на маса.
Тогаш Нимиц предлижил „Горна Република Македонија“ со можност за латинична транскрипција Upper Republic of Macedonia.
Пред 5 години воопшто не станувало збор дека треба да се менува уставот и името за внатрепна упитреба.
Целиот предлог од 2013 година:

1. Официјално име: „Горна Република Македонија“
2. Скратено име: „Горна Република Македонија“
3. Придавска референца/Националност: „од Горна Република Македонија“; алтернативно: „Македонско/Macedonian“. (не едното или другото, туку секогаш вака заедно, со коса црта)
Примери: Скопје е главниот град на Горна Република Македонија; Ова е официјалниот став на Горна Република Македонија по одреденото прашање пред Генералното Собрание;
Таа е државјанин на Горна Република Македонија; алтернативно: Таа е Македонско/Macedonian државјанин.
4. Јазик: „Македонско/Macedonian“.
Пример: Документот ќе биде преведен на англиски, француски, Македонско/Macedonian и руски.
5. Опсег на употреба:
А. Предоченото во точките 1-4 ќе има erga omnes употреба во сите мултилатерални официјални контексти, вклучувајќи и меѓународни договори, спогодби и официјална документација.
Б. Генералниот Секретар на ОН ќе ги информира земјите членки за прифаќањето на употребата од страна на ОН и ќе препорача негова употреба во сите официјални контексти.
В. Страните разбираат и се согласуваат дека употребата ќе биде задолжителна во системот на ОН, во рамките на ЕУ и НАТО.
Д. Белешки за други форми на името:
(i) „Македонија“ засебно не може да се користи како официјално име на државата во било каков контекст.
(ii) „Поранешна југословенска Република Македонија“ и „ПЈРМ“ ќе престанат да се употребуваат како референци за државата.
(iii) „Република Македонија“ може да продолжи да се употребува внатре во државата.
6. Територијални побарувања/непријателски изјави: Страните ќе го реафримираат откажувањето од било какви територијални побарувања и се согласуваат да не наметнуваат или поттикнуваат иредентистички побарувања или непријателски изјави спрема другата страна.
7. Културно наследство: Страните ќе ја реафирмираат почитта кон наследството и културното наследство на другата страна.
8. Комерцијална употреба: Страните ќе преговараат за спогодби поврзани со комерцијалната употреба на зборовите „Македонија“ и „Македонско“ врз основа на концептот за не-ексклузивитет и јасност за земјата на потекло. (на пр. „Македонско вино, продукт на Грција“, „Македонско вино, продукт на Горна Република Македонија“.)
9. ЕУ/НАТО членство: Првата Страна (Грција) нема да приговара на апликациите на Втората Страна (Македонија), под името „Горна Република Македонија“ за членство во ЕУ и НАТО, во согласност со нивните посебни процеси за пристап.
10. Имплементација: Имплементацијата ќе се спроведе преку: (i) Извештај на Генералниот Секретар на ОН (ii) соодветно усвоена резолуција на Советот за Безбедност при ОН (iii) ратификација за промена на името од страна на ОН (iv) билатерална спогодба меѓу двете страни (v) обврзувачки, дефинитивни и неотповикливи процеси од Втората Страна, вклучувајќи парламентарни и дејствија на извршната власт.
Втората Страна (Македонија) ќе се консултира со Првата Страна (Грција), во рамките на ОН, по прашањата за уредувањето на имплементацијата за транзицијата кон горенаведената употреба.






