Абдул Јашари од Чаир, алијас „Абу Катада Албани“, од „црната листа“ на САД за тероризам, стана и министер на Сирија

Абдул Јашари од Чаир, кој под прекар „Абу Катада Албани“ повеќе години ја предводеше џихадистичката група „Џемати Албан“, сочинета главно Албанци од Косово и Македонија, денес е веќе министер во Владата на Сирија, иако е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави, поради обвиненија за тероризам. Ова го објави „Информер.рс“.



Покрај другото, „Информер.рс“ пишува: „Абдул Јашари, алијас ‘Абу Катада Албани’, е роден во Скопје, во населбата Чаир во 1976 година. Како ‘Абу Катада Албани’ беше првин водач на Фронтот Ал Нусра. Тоа беше причина да се најде на „црната листа“ на американското Министерство за финансии во 2016 година и да биде обвинет за тероризам.“

„Тој станал водач на Фронтот Ал Нусра во 2016 година и тогаш оваа терористичка формација имала стотина припадници, но најмногу ги имала во март 2015 година, кога, според информации на француски медиуми, броела околу 500 борци, претежно од Косово и Македонија.“