Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на денешниот настан во рамки на Минхенската безбедносна конференција.
Тој на настанот наменет за пристапот на Балканот кон ЕУ порача дека македонскиот пат кон ЕУ започнал многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка.
За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексна. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот“, рече премиерот Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција-Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови, порача Мицкоски.





