Зеленски прифаќа преговори само со Путин

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска порача дека кога се во прашање мировни преговори, подготвен е да разговара единственио со рускиот лидер Владимир Путин и ниту еден друг руски функционер.



Зеленски, зборувајќи на  Минхенската безбедносна конференција истакна дека овој разговор ќе се одржи само откако Украина ќе постигне заеднички план со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери.

Тој додаде дека Трамп му го дал личниот телефонски број и му рекол дека може да му се јави во секое време.