Петрушевски: Неминовна е смената на Коцевски, наместо да го спроведува законот, се фрли на соработка со СДС

„Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС. Владата се погрижи осум месеци државниот обвинител Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар. Но, осум месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот.“ – изјави на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Петрушевски истакна: Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи, за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите, кои како готови му беа сервирани од разни институции. Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС. Неминовна е неговата смена, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за тој извештај. Одговорност има.