„Државниот обвинител Љупчо Коцевски не постапува и не го казнува криминалот, со што предизвикува поткопување на судскиот систем и недоверба во јавните институции. Затоа се неопходни коренити реформи и преобразба на судскиот систем.“ – порача владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството. Тој е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ. Надежта за правда, на која се фокусираше СДС, заврши неславно со инсталирање обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас, кои не постапуваат по наводите за криминал.
Наместо правда, од владеењето на СДС и ДУИ остана само клиентелизмот на судиите, избрани во Струмица и Зајас. кои ги попречуваат предметите и не постапуваат по нив. Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, за нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети, за кои известуваа медиумите.
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција. Неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот систем, наместо да обезбедат правда тие комплетно го блокираат правосудството, а поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти. Јавното обвинителство на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, со што предизвикува ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции. Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем.
Home Македонија ВМРО ДПМНЕ: Државниот обвинител Коцевски е во спрега со политичките криминалци на...





