Полицијата во Германија се обидува да утврди зошто  48 годишен жител на германскиот град Минстер, без познати врски со тероризам, вчераера влета со минибус во луѓе кои седеа на преполната тераса на локален ресторан, при што уби двојца, повреди неколкумина, а потоа се самоуби.



Иако сторителот не е официјално именуван, тој е идентификуван локално како Јенс Р. германски државјанин.

„Засега не постојат индии за можниот мотив. Истрагата се спроведува со целосна брзина и во сите правци“, рече Мартин Ботенхардт од канцеларијата на локалниот обвинител.

Се верува дека властите го отфрлија исламскиот екстремизам како мотив, бидејќи Џенс Р. немал никаква врска со такцви групи.

Наместо тоа, ако што пренесува британски „Телеграф“ се разработувала теорија дека инцидентот бил  форма на „проширено“ самоубиство.

Иако нема индиции дека се работи за тероризам, настанот сепак има сличности со идентичен напад во Стокхолм од пред точно една година (7 април 2017) кога напаѓач со камион влета во пазар полн со луѓе.

Во нападот загинаа петмина, а 14 лица, меѓу кои и старнски туристи беа сериозно повредени.

Напаѓачот беше уапсен истиот ден по масакрот и беше идентификуван како одбиен барател на азил од Узбекистан кој се заколнал на верност кон исламската држава (ИСИС) неколку дена претходно.

Терористичките напади со употреба на возила станаа честа појава во Европа во последниве години.

Бранот напади започна на 14 јули 2016 година откако 86 лица загинаа, а повеќе од стотина беа повредени кога камион влета во толпа луѓе во францускиот град Ница.

Истата година, на божикниот пазар во Берлин апаѓач со камион уби 12 лица, а 56 други беа повредени.

Слични смртоносни напади од тогаш имаше и во Лондон, Париз, Барселона…