Новинарот Александар Чомовски во емисија во откри дека „Топ тема“ на Телма во еден момент во 2016 година била продадена на Американците.
Во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ гостин-водител беше некогашниот новинар на Телма Александар Чомовски кој беше еден од луѓето кои ја започнаа емисијата на Телма.
На крајот на емисијата тој на водителот Боби Христов му рече дека не се согласил со одлуката која Христов ја донесол со Снежана Лупевска и Сања Васиќ да ја продадат „Топ тема“ на Американците.
На тоа Христов му реплицира дека „не било добро да се говори за продавање, посебно во овој момент“.
Инаку во моментов во САД од страна на Илон Маск и други членови на администрацијата на Трамп се води жестока дебата за парите кои се трошеле од УСАИД меѓу другото и за поддршка на медиуми и новинари.
Според дел од изјавите парите од УСАИД биле давани на медиуми и новинари со цел да се уриваат странски влади и да се помагаат левичарски политики блиски на американските Демократи.
Кога Чомовски зборува за ,,продажба на Топ Тема на Американците” тој всушност зборува за проект на Телма поддржан со пари од УСАИД кои беа доделувани на македонски медиуми меѓу другите и на оваа национална телевизија.
Видеото од изјавата на Чомовски на линкот кој го објави Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит.
https://www.facebook.com/share/v/1BRgW4sQtk/
Според службеничка на Стејт департментот на САД во 2016 година во истиот контекст македонски политичар барал владата на САД да не ја урива македонската влада.
Македонец во Стејт Департментот молел владата на САД да не ја урива македонската влада (ВИДЕО)






