Голем број православни верници синоќа се собраа пред Соборниот храм во Скопје каде ја слушнаа веста за воскреснувањето на Исус Хирстос.
Воскресението беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов со сопругата и синот присуствуваа на Свечената литургија во црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци.

Премиерот Зоран Заев со семејството присуствуваше на Полноќната Велигденска литургија во храмот „Свети Димитриј Мироточив и Свети Григориј Палама“ во Струмица.






