Во ,,Претрес со Ландов”, гостин беше Ацо Тошта, лице осудено за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во настаните на ,,27 април”.
Тошта е основач на ВМРО-ДПМНЕ и бил во обезбедувањето на Никола Груевски.
,,Немаше убиство ниту обид за убиство на Села. 27 април беше кобен за нас. Крсто Муковски кој ги отвори вратите беше амнестиран и награден од Заев. Јас и Александар, градоначалникот на Ѓорче Петров го спасивме Зијадин Села. Влатко Ѓорчев ме молеше: Тошта застани зошто ќе гори Македонија.
Фросина Ременски викаше да не тепаат бидејќи е бремена.Толпата беше револтирана, го шамараше и тепаше и Влатко Ѓорчев. Заев и Спасовски нас не осудија”, рече Ацо Тошта.






