Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал, таа доверба не ја оправда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по одлуката на Владата за разрешување на главниот обвинител.
– Имаше тој доволно можност да се размавне, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата во оние случаи каде што има основано сомнение за сторен криминал, но, очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина. Така што, мислам дека тој имаше доволно време да покаже, за жал таа доверба не ја оправда и сега владата почнува еден процес, а Парламентот ќе го заврши – изјави премиерот Мицкоски.
Мислам дека чесно и доблесно од него би било самиот да се повлече, да можеме да го скратиме овој период, да можеме да избереме републички обвинител, кој што ќе биде бескомпромисен борец против криминалот и корупцијата во Македонија – додаде Мицкоски.





