Здружението на новинарите на Македонија и Синдикатот на новинарите објавија соопштение контра кампањата на Трамп и Маск кои ја осудија поддршката на УСАИД кон медиуми и новинари.
ЗНМ и ССНМ сметаат дека тековната кампања што почна во САД од страна на претседателот Трамп и Илон Маск за оцрнување на независните и критички настроени медиуми има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои постојано откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања дополнително засилена на социјалните мрежи – има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои постојано откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес, сметаат во ЗНМ и ССНМ.
Невладината организација и синдикатот сметаат дека постои лажен наратив дека овие медиуми кои добиле средства од УСАИД за да ја поткопаат демократијата, претставува обид да се делегитимира нивната работа, иако нивното известување доведе до законски реформи, кривични истраги и санкции против одговорните за разни злоупотреби.
Според ЗНМ и ССНМ овие медиумски кампањи за оцрнување, единствено имаат за цел да го замолчат независното и критичко новинарство и да ја нарушат довербата во медиумите пред граѓаните.
Кампањата за оцрнување дополнително ескалира на социјалните мрежи, каде што поттикнува омраза кон новинарите, вклучително и мизогини напади и закани кон новинарки. Ваквата реторика не само што потенцијално ја загрозува безбедноста на поединците, туку создава и клима на страв, со што директно се обесхрабрува слободното и професионално новинарство.
Меѓународните правни стандарди, вклучително и оние утврдени од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, јасно посочуваат дека нападите врз новинарите претставуваат закана за демократијата и слободата на медиумите. Потсетуваме дека со последните измени на Кривичниот законик, новинарите во Македонија го имаат статусот на службени лица при извршувањето на својата професионална должност.
ЗНМ и ССНМ ги повикуваат надлежните институции да обезбедат заштита на новинарите од вознемирување и закани и ја повикува јавноста да ги отфрли дезинформациите и да ја поддржи независната медиумска работа, која е од суштинско значење за демократијата и одговорноста на институциите и политичарите, се вели во соопштението на ЗНМ и ССНМ.
ЗНМ и ССНМ не пишуваат дали ги осудуваат и написите на српските медиуми на истата тема
Тврдење на човек исклучително близок на владата на српскиот претседател Вучиќ
Македонка меѓу луѓето за кои САД од српските власти бараат информации за пари доделени преку УСАИД






