За убиството на 29-годишната штипјанка Емилија Пешева, доживотен затвор доби Фадил Зејнелов (34).
Убиството беше извршено на 1 ноември 2024 година кога Зејнелов во напуштен објект во Штип најпрвин со тупаница ја удрил Емилија со која подолго време живеел, а потоа со двете раце ја давел сè додека не престанала да дише.
Зејнелов сам се пријавил на полицијата по убистото и го призна и пред судот, велејќи дека ја прифаќа казната што ќе му биде изречена.
Максимална казна доживотен затвор на единственото рочиште кое се одржа пред два дена бараше и основната јавна обвинителка од Штип, Билјана Тошева-Анакиева која потенцираше дека Зејнелов е повратник затоа што претходно бил осуден за неколку кривични дела со вкупна казна од 10 години затвор. SDK





