Ни срам ни перде: Го клеветеше и навредуваше а сега бара со премиерот да разговара за стратешки прашања

Дека кај некои луѓе важи народната изрека ,,Ни срам ни перде” најдобро говори примерот со Оливер Андонов познат како ,,министерот за пола ден”.



Овој некогашен член на ВМРО-ДПМНЕ кој во изминативе години додека Мицкоски беше во опозиција го навредуваше со најпогрдни и нечовечни клевети сега бара Мицкоски кој во меѓувреме стана премиер да го прими и да разговараат за стратешки интереси на Македонија.

Андонов се повикува на изјава на премиерот според која тој мислејќи на опозицијата е подготвен да седне со секого на тема државни стратегии.

,,На денешната собраниска седница Мицкоски од позицијата премиер, јавно од говорница кажа дека е подготвен со секого да разговара во врска со државните стратегии.
Доколку си стоиш на јавно искажаниот збор и јавна покана за разговор Христијан, ние како внатрепартиска фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќаме твојата покана и исто така јавно бараме да разговараме со тебе за клучните стратешки прашања на Македонија.
Сега ти си на потег да кажеш кога и каде ќе разговараме”, пишува Андоновски кој не може да формира партија а нема ни невладина организација.