Медведев: Размена на територии со Украина е „глупост“

Ова го изјави Дмитри Медведев, заменик-претседател на моќниот руски Совет за безбедност, го отфрли како „глупост“ предлогот на Киев за размена на делови од руската територија што ја држи за делови од Украина под контрола на Москва, објави Ројтерс.



Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за весникот Гардијан дека планира да и понуди на Русија директна размена на територија за да се стави крај на војната.
Зеленски вчера изјави дека планира на Русија да и понуди територијална размена во преговорите, односно да се откаже од земјиштето што го чува Киев во руската област Курск.

Медведев, кој беше руски претседател од 2008 до 2012 година, рече дека Русија покажала дека може да постигне „мир преку сила“, вклучително и нападите со беспилотни летала и ракети што го погодија Киев во средата.

Русија контролира нешто помалку од 20 отсто од Украина, или повеќе од 112.000 квадратни километри, додека Украина контролира околу 450 квадратни километри од западниот руски регион Курск, според картите на бојното поле.

Зеленски спремен да размени „земја за земја“ со Путин