Македонка меѓу луѓето за кои САД од српските власти бараат информации за пари доделени преку УСАИД

Македонка, новинарка и раководител на проект е меѓу луѓето за кои САД од српските власти бараат информации за пари доделени преку УСАИД.



,,Список на лица барани од американските власти! Вучиќевиќ ги прочита имињата на луѓето за кои САД бараат информации од српските власти”, е насловот на српскиот весник Информер близок до владата на претседателот Вучиќ.

Главниот уредник на Информер кој е близок на владеачката Српска Напредна Странка Драган Ј. Вучиќевиќ во подкастот ,,Колегиум” ги откри имињата на лицата за кои Министерството за финансии на САД наводно бара целосни извештаи од српските државни институции за нивната поврзаност со УСАИД.

,,Министерството за финансии на САД, за борба против перење пари, испрати писмо со имиња на лица и спречување перење пари до српските власти, партнерите, односно Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, во кое бара информации за одредени лица. Станува збор за лицата кои биле вклучени во земањето на парите. Затоа се бара да достават документација за нивниот бизнис, нивните фирми, нивните агенции. Некои се државјани на Србија, некои не се државјани на Србија. Ова е сува ексклузива. Тие всушност бараат луѓе кои се сомнителни кон Американците“, тврди Вучиќевиќ.

Вучиќевиќ потоа ги објавува имињата на поединците кои се интересни за американските власти и кои сакаат информации за нив бидејќи се поврзани со УСАИД, а најмалку пет лица од списокот користеле средства од ЕУ:

,,Гордана Игриќ, Маријан Циријак, Ана Петрушева, Маркус Танер, Драгана Жарковиќ Обрадовиќ, Душица Лукреција Икиќ Кук, Ана Мектагарт, Татјана Дробњак, Драгана Николиќ, Весна Бјекиќ, Немирна Јелачиќ, Аниса Суческа Векиќ, Кренар Гаши, Јаковљевиќ Синиша, Јаков Марушиќ, Ерна Мачкиќ, Слободан Георгиев, Маида Селимовиќ, Амила Незировиќ, Аида Алиќ, Мерима Хусеиновиќ и Мухамет Хајрулаху”, објави Вучиќевиќ.

Меѓу наведените лица е и македонската државјанка Ана Петрушева која е дел од медиумско истражувачките проекти БИРН или Призма кои се финансиски поддржани од УСАИД.

Поврзана содржина

Американското министерство за финансии бара податоци за двајца македонски државјани

Покрај за Петрушева Вашингтон од Србија барал податоци за уште еден македонски државјанин

Најчитани статии

Анализа на писателот

Нухиу: Се случуваат постојано тепачки и убиства меѓу Албанците во Скопје, поради нашата нешколуваност и оти ни недостига цивилизираност како народ