Данците сакаат да ја купат Калифорнија!

 

Сатиричната петиција со барање Данска да ја купи Калифорнија досега ја потпишаа 200.000 Данци.



Петицијате е одговор на намерата на американскиот претседател Доналд Трамп да го „купи“ Гренланд од Данска.

Петицијата се оправдува со зборовите дека на Данска и се потребни „сонце, палми и ролери“.

„Имаме можност што се случува еднаш во животот и сакаме да го оствариме тој сон. Ќе донесеме велосипедски патеки, владеење на правото, универзална здравствена заштита и политика заснована на факти во Холивуд“, се вели во петицијата.

По пристигнувањето во Белата куќа, новостариот американски претседател Трамп, освен што посака да го купи Гренланд, ѝ понуди на Канада да стане 51-та американска сојузна држава, понатаму неговата земја да стане сопственик на Панамскиот канал.

Го преименуваше Мексиканскиот залив во Американски залив, а најави и Појасот Газа да стане американски откако оттаму ќе расели 2,2 милиони Палестинци.