Вандали го нападнаа и „Жена Парк“ во центарот на Скопје

На фотографиите што скопјани ги споделуваат на социјалните мрежи можат да се видат превртени и искршени кулупи и канти за отпад откако „Жена парк – Борец“,  во центарот на Скопј беше мета на вандали.



Граѓните бараат итни мерки од Општина Центар и од Владата зашто ова не е прв случај во главниот град.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа вчера ја прифати иницијативата на градоначалникот на Општина Центар,  Горан Герасимовски, малолетниците што вандализираат урбана опрема да вршат општокорисна работа.

„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста да ја делат и нивните родители“, изјави Герасимовски