Трамп: Поддршката за Украина има цена: 500 милијарди долари минерални ресурси

 

Во интервју за Фокс њуз емитувано доцна вчера, Доналд Трамп рече дека САД треба да добијат дел од огромните природни ресурси на Украина како компензација за стотиците милијарди долари што ги потрошиле помагајќи му на Киев да се спротивстави на руската инвазија.



Ѝ реков на Украина дека сакам еквивалент од 500 милијарди долари во метали од ретки земји. И тие во основа се сложија со тоа, така што барем не се чувствуваме глупаво“, рече Трамп.

Им реков: „Мораме да добиеме нешто. Не можеме да продолжиме да ги даваме овие пари“, додаде тој.

Украина има огромни резерви на клучни елементи и минерали, од литиум до титаниум, кои се од витално значење за производство на модерна технологија. Има и големи наоѓалишта на јаглен, нафта, гас и ураниум, но повеќето од овие ресурси се наоѓаат на територии под руска контрола.

Трамп сака ретки метали од Украина – Зеленски спремен за трампа