Од 1 март едношалтерски систем на граничните премини со Косово?

На граничните премини Блаце и Јажинце на границата со Косово од 1 март ќе се поминува побрзо, ако се остварат очекувањата на директорот на Царинската управа на Македонија, Бобан Николовски.



„Во соработка со косовската Царина и со косовското Министерство за внатрешни работи, работиме на тоа. Сметаме сите заеднички дека некаде можеби на 1 март. Оваа година сигурно ќе профункционира „one stop shop“ на Блаце и на Јажинце. И за таму сме подготвени“, изјави тој во емисијата „Дејли клик“ на ТВ 21.

„Ние како Царинска управа својот дел го завршивме околу 95 проценти, МВР исто така активно работи на ова поле. Сега се решаваат системски прашања во делот на дигитализацијата на системите“, додаде Николовски.