Ципрас побара Турција да ги врати уапсените грчки војници

Грчкиот премиер побара денеска да бидат вратени двајцата војници уапсени во Турција откако на почетокот на март влегоа на грчка територија, инцидент кој допонително ги влоши односите меѓу двете соседни земји и партнери во НАТО.



„Човечкиот живот и човековата слобода не се и не треба да се користат како пиони во моќни игри и уцена“, рече Ципрас.

Според Атина, војниците по грешка и поради лошите временски услови влегле во Турција на 2 март, патролирајќи на грчко-турската граница.

Според турските медиуми, двете грчки војници ќе бидат обвинети за „нелегален влез во забранета зона“ и за „шпионажа“.

Во прашање е пазар ако се знае дека Турција од своја страна бара екстрадиција на осум турски војници кои пребегнаа во Грција по обидот за преврат против Реџеп Таип Ердоган во јули 2016 година, но Атина одбива да го поврз овој случај со случајот со грчките војници.