Британскиот министер за здравство Ендрју Гвин е сменет поради навредливи коментари што ги објави на WhatsApp.
Како што пишува Гардијан, министерот ѝ посакал смрт на пензионерка кој не гласала за него.
Тој исто така правел несолени шеги на сметка на црнците и Евреите.
Според Гардијан, 50-годишниот министер за здравство и лабуристички пратеник, многу грубо одговорил на барањето на 72-годишната ензионерка.
Таа побарала од министерот „да го реши проблемот со собирањето отпад“.
„Почитувана жителке, по ѓаволите со твоите канти за отпадоци. Јас сум реизбрана без твојот глас. Оди по ѓаволите.
П.С. Се надевам дека ќе умреш до следните општи избори“, одговори Гвин на нејзиното барање.






