Неверојатна информација од државни службеници кои работеле во владата заедно со екс директорот на владината Служба за заеднички работи Пеце Мирчески кој сега се гони за криминал.
Според наводите од членовите на единствената македонска невладина организација на работници во државната администрација екс директорот на СОЗР Пеце Мирчески го фрлил во подрум компјутерот во кој имало докази за криминал.
Државниот завод за ревизија за состојбата во Владината Служба има јавно објавен Извештај од јануари 2022 година во кој многу јасно ревизорите констатирале и на јавноста и обелодениле дека:
Пописот на средствата и побарувањата на СОЗР на Влада е нецелосен и незаконски спроведен.
Утврдиле една многу важна работа: дека во СОЗР на Влада не се води интерна евиденција на недвижните ствари со кои располага Владата и му дале задолжение на директорот веднаш да ја отстрани оваа неправилност.
Цела 2022 и цела 2023 година, антикорупционерите кои многу добро знаеле дека во СОЗР постои одлична евиденција на државните објекти, не реагирале никако.
Антикорупциска знаела дека во Службата постои еден персонален компјутер во кој се наоѓа целокупната база со детални катастарски податоци за сите недвижности на Владата создавана 10 години (непроценливо богатство), кое директорот во знак на освета дека бил пријавен во Антикорупциска го одзел записнички и го фрлил во некој од државните подруми.
Според невладината која ги обединува државните административци најголема вина за тоа што Мирчески досега не одговарал е поранешниот состав на Државната антикорупциска комисија која била информирана за сите (не)дела на Мирчески.
Повеќе детали
Скандалозно: Антикорупциската комисија знаела се за криминалот на Мирчески но не презела ништо






