СДСМ е партија каде што нејзините функционери, додека биле на власт, наместо за државата и за интересите на граѓаните, работеле исклучиво за личен профит и за профит на блиски лица до врхушката на СДС.
Со секој нов ден на површина испливува целата лукративнист, аздисаност, криминал и корупција од мрежата на функционерите од СДСМ“.
Ова се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ според која „СДСМ е партија која е криминално мочуриште“.
„Кадарот на СДСМ, Пеце Мирчевски, кој е фатен во криминал и со проневера на државни пари наместо за интерес на Службата и Владата работел за свој личен профит.
Пеце Мирчевски, кој како функционер ја крадел државата, сѐ уште е на партиска функција во СДСМ според партиската веб-страница.
Мирчевски, кој крадел и злоупотребил народни пари, е претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање.
Доколку Филипче не го разреши својот другар Мирчевски, кој има сторено низа криминални дела, и не се дистанцира од Мирчевски и нему сличните од кланот на Заев, СДСМ само ќе продолжи да тоне сѐ подлабоко во политичкото мочуриште“, се вели во соопштението на партијата.






