Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот лидер Владимир Путин во обид да преговара за крај на војната во Украина, објави американскиот претседател во ексклузивно интервју за Њујорк пост.
Публикацијата објавува моменти од интервјуто, кое сè уште не е објавено.
На прашањето колку пати разговарале двајцата лидери Трамп се оградил и одговорил:дека претпочита да не кажува.
„Путин се грижи за жртвите на бојното поле. Тој сака луѓето да престанат да умираат“, рече тој:
„Сите овие мртви. Млади, млади, убави луѓе. Тие се како вашите деца, два милиони од нив – и без причина“, додаде Трамп.
Трамп рече дека има конкретен план за ставање крај на војната.
Трамп изјави дека сака да склучи договор од 500 милиони долари со Зеленски за пристап до ретки минерали и гас од во Украина во замена за безбедносни гаранции во евентуалниот мировен договор.





