Скандалозно: Антикорупциската комисија знаела се за криминалот на Мирчески но не презела ништо

Во скандалозно тврдење на првата македонска невладина организација за независна и силна јавна администрација се вели дека предходниот состав на Антикорупциската комисија знаела се за криминалот на екс директорот на Службата за заеднички работи на Владата Пеце Мирчески но не презела ништо. Според невладината организација ,,Праведни и професионални” уште од 2018 година властите и Антикорупциската комисија биле предупредувани дека Мирчески правел прекршување на законот но никој не презел никакви мерки против него се додека неделава тој не стана предмет на истрага.

Во анализата со наслов ,,АНТИКОРУПЦИСКА НИЗ ПРИЗМАТА НА ОТКРИЕНОТО НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ НА ВИСОК ВЛАДИН ФУНКЦИОНЕР”, невладината организација открива детали за тоа како претходните власти и претходниот состав на Антикорупциската комисија се однесувале за Случајот Мирчески. ,,Праведни и професионални” не го споменуваат Мирчески со име и презиме но јас и е дека се работи за него. ,,Сведоци сме деновиве на спектакуларни вести за откриеното незаконско работење и злоупотреби со криминогени последици извршени од страна на висок Владин функционер, за кој конечно државниот апарат презеде некакви мерки за одговорност пропишани со закон.
Меѓутоа кој е ефектот од сето тоа, сега после поминати 6 години одкако државата била предупредена со непобитни докази дека дотичниот функционер направил грешки, ја злоупотребувал својата позиција, неповикан на одговорност од никого продолжувал да работи незакоснки, уништувал се што ќе допре и останувал недопрен”, велат од Праведни и професионални од каде прашуваат дали може да се констатира дека Државната комисија за спречување на корупцијата во Македонија била соучесник во голем дел од неговите незаконски постапувања. ,,Ако ги знаела сите факти, добила регуларна пријава поткрепена со документи, извештаи, бројки, потписи, записници, – факти доволни за веднаш да му се застане на патот, да се осуети неговото незаконско работење и да се спречи понатамошно уништување или загрозување на државниот буџет, а не мрднале со прст, тогаш тие се најобични соучесници. Гледале што се случува, хронолошки биле известувани за секоја негова постапка, но од некоја причина само ним позната тие одлучиле да бидат неми сведоци. Дури се обиделе да се сокријат зад Државниот завод за ревизија и топката да ја префрлат кај нив. Од јуни 2019 година кога прв пат добиле законски формулирана Пријава против фунционерот, до декември 2023 година кога го затвориле предметот антикорупционерите спиеле во зимски сон наместо да преземат дејствија кои се нивна законска ингеренција”, велат од невладината организација.
Од таму потсетуваат дека Државниот завод за ревизија за состојбата во Владината Служба има јавно објавен Извештај од јануари 2022 година во кој многу јасно ревизорите констатирале и на јавноста и обелодениле дека: Пописот на средствата и побарувањата на СОЗР на Влада е нецелосен и незаконски спроведен. Утврдиле една многу важна работа: дека во СОЗР на Влада не се води интерна евиденција на недвижните ствари со кои располага Владата и му дале задолжение на директорот веднаш да ја отстрани оваа неправилност. Цела 2022 и цела 2023 година, антикорупционерите кои многу добро знаеле дека во СОЗР постои одлична евиденција на државните објекти, не реагирале никако. Антикорупциска знаела дека во Службата постои еден персонален компјутер во кој се наоѓа целокупната база со детални катастарски податоци за сите недвижности на Владата создавана 10 години (непроценливо богатство), кое директорот во знак на освета дека бил пријавен во Антикорупциска го одзел записнички и го фрлил во некој од државните подруми.
Списокот на штетни дејанија е прилично долг и Антикорупционерите сето тоа го знаеле. ,,Доколку биле на ниво на задачата која им е доверена да се борат со корупцијата, макар таа доаѓала од највисоките структури, денешната слика ќе изгледаше многу поинаку, а државниот буџет немаше да биде олеснет за тешки милиони народни пари. Ако од овој историски случај не извлечеме никаква поука во иднина, се поставува прашањето чуму и е на државата ваква Комисија „за борба“ против корупцијата”, прашуваат од Праведни и професионални. Поврзана содржина Иако заводот за ревизија направил извештај кој не може да се скрие
Неверојатно: Директорот на владината СОЗР фрлил в подрум компјутер полн со докази за криминал