„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на средба со граѓаните во Битола го истакна ‘долгиот и тежок пат низ кој помина * Македонија’. По одржувањето на оваа средба Ахмети на својот фејсбук-профил го нагласи ставот, кој го изнесе на неа: „* Македонија ја најдовме без ништо, а ја оставивме со албански премиер!“ – објави ТВ Клан Македонија, пренесувајќи ја објавата на Ахмети на општествената мрежа.
На фејсбук-профилот Али Ахмети напиша: „На средбата во Битола нагласив дека пред да го преземе ДУИ раководењето * Македонија ја најдовме без ништо, таа беше запоставена држава, но ние ја оставивме со албански премиер! Тоа е постигање, кое го докажува ангажманот на Албанците да придонесат за развојот на земјата.“
„Албанците никогаш не побарале војна заради универзитет, јазик и знаме, но таа им беше наметната, поради неправдата и дискриминацијата. Дури и во најтешките моменти од историјата, Албанците останаа обединети и во најтешките моменти на историјата, а поделбите што се случуваа одвреме-навреме донесоа само штета и дестабилизација на земјата. Албанците се народ без раздор, но одвреме-навреме им се наметнуваа неправедни поделби.“
„Затоа, сега мора да се обединиме, за да ја зачуваме стабилноста на земјата и мултиетничкиот карактер на * Македонија. Оваа земја им припаѓа на сите, на Албанците, Македонците и сите етнички групи. Ќе продолжиме со нашата посветеност за зачувување на стабилноста и просперитетот на * Македонија, со посветено градење безбедна иднина за сите граѓани, без разлика на етничката припадност, работејќи и на зајакнување на институциите и владеењето на правото.“
„ДУИ е мисионерска партија и доследна во своите ставови, посветена на ветингот, проверката на политичарите, на истрага на нивниот имот и на другите напори за зајакнување на владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите.“





