Ванковска до Гарет: Fuck off, Mr. Ambassador!

Професорката Билјана Ванковска со невообичаена реакција до британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет.



Очигледно вознемирената професорка и иницијатор на писмото на 200 интелектуалци за прекин на преговорите за името и поништување на Законот за јазиците на Гарет му испрати остра порака.

“Fuck off, Mr. Ambassador! This is called fear mongering”, односно “Еб..е се господине амбасадор! Ова се нарекува застрашување на јавноста”, напиша Ванковска на својот Фејсбук профил.

Таа го споделува текстот во кој амбасадорот вели дека прашањето за името е централно балканско безбедносно прашање.

Ванковска е еден од ретките водечки македонски интелектуалци која јавно се противи на членството во НАТО и се залага за воена неутралност на Македонија.