Американскиот претседател синоќа изјави дека планира следната недела да воведе реципрочни царини за многу земји, што е негов последен потег во обид да ги преобликува глобалните трговски односи во корист на Америка.
Трамп не кажа кои земји ќе бидат погодени, но посочи дека тоа ќе биде опсежна мерка што може да помогне во решавањето на буџетските проблеми на САД.
„Следната недела ќе објавам реципрочна трговија за да имаме еднаков третман со другите земји“, рече Трамп. „Не сакаме ни повеќе ни помалку“, додаде тој.
На почетокот на неделата Трамп се откажа од воведувањето повисоки царини за Мексико и Канада по бројните најави, но но за Кина стапија на сила, што предизвика реципрочна мерка од Пекинг.





