Апел од сестрата на Фросина: Не го објавувајте видеото снимено по несреќата

Сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, Росица се огласи на социјалните мрежи со апел до медиумите да не објавуваат видео, кое според нивни сознанија утре ќе го објави на прес-конференција адвокатот на возачот Васил кој ја прегази младата девојка



-Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски на утрешната пресконференција има во план да прикаже видео во кое Васо вришти над мртвото тело на мојата сестра! Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор…, стои во објавата.