Трамп забрани мажи кои се „чувствуваат“ како жени да се натпреваруваат во женски спортови

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша забрана за трансродовите лица да се натпреваруваат во женски спортови, јавува Си-Ен-Ен.



Извршната наредба беше потпишана на попладневната церемонија во Источната соба на Белата куќа, на која присуствуваа жени и девојки во спортски униформи.

„Со оваа извршна наредба војната против женскиот спорт заврши“, рече претседателот.

Трамп рече дека му наложил на државниот секретар Марко Рубио „да им стави до знаење на Меѓународните олимписки комитети… дека Америка категорично го отфрла трансродовото лудило“.

Групите за правата на трансродовите поднесоа тужба на крајот на јануари против извршната наредба на Трамп насочена кон трансродовите лица кои служат во војската на САД.

Во извршните наредби потпишани од Трамп се наведува дека изразувањето „родов идентитет“ различен од полот на поединецот при раѓањето не ги исполнува воените стандарди.