По бојкотот на големите трговски ланци што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повика граѓаните на нов бојкот. Ефектива упати нов повик до потрошувачите да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – Делеза, во која се Maxi и Shop&Go, Меркатор, кои ги вклучуваат Idea и Roda, како и DIS, Lidl и Univerexport, јавија српските медиумис.

Од Ефкетива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженијата на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.
- „Од последниот бојкот во петокот на 31 јануари и по јавниот повик до трговците да преземат конкретни чекори за намалување на цените, дури се случи некои бојкотирани трговци да ги зголемат цените. За ова е потребен нов потрошувачки бунт, кој ќе се преведе во петдневен бојкот“, велат тие.
Повикот е да се спроведе бојкот што ќе трае од понеделник, 10 ефвруари до петок, 14 февруари.
Во меѓу време, и Хрватската интернет платформа „Ало, инспекторе“ за утре најави еднодневен генерален бојкот на продавниците и услугите во државата, трет од започнувањето на таа акција поради високите цени и еднонеделен бојкот на „Конзум“ од сабота, 8 февруари.
Според анкетата, следни на листата на еднонеделен бојкот се продавниците на „Плодине“ и „Студенац“. За еднонеделен бојкот на „Конзум“ одлучија граѓани кои учествуваа во анкетата објавена на платформата на организаторите насловена: „Секоја недела по еден синџир“.





