Романија и Кипар одбиваат да учествуваат на Самитот каде што „Косово се третира како држава и каде што на оваа земја ѝ се ветува на иднината за европска интеграција“, а шпанскиот премиер Маријано Рахој соопшти дека не сака да се појави на иста фотографија со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Средбата на 28 земји-членки на блокот и шест држави од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – требаше да биде централен дел на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.
Но, присуството на Косово е спорно за земјите-членки на ЕУ – Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија – кои не ја признаваат независноста на Приштина и ја комплицираат подготовката на финалниот документ на самитот на 17-ти мај.
Шпанија, Кипар, Грција и Романија не се согласуваат завршниот документ на Самитот да се нарекува декларација и инсистираат само на „заклучоци на бугарското претседателство“. Евентууално да биде декларација, но која ќе биде потпишана само од членките на ЕУ , но не и од шестте земји од Западен Балкан.
Бугарија, која во агендата на претседавањето ја стави интеграцијата на регионот, се обидува да ги убеди другите членки на ЕУ дека Косово ќе се појави со „неутрален статус“ и дека како такво и досега учествувало на слични состаноци.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарски медиуми изјави дека „целта на овој состанок е да им дадеме на земјите од Западен Балкан поширока европска перспектива“.
И неколку други земји, како што се Австрија, Хрватска и Италија, не се согласуваат со амбициозниот јазик од последниот самит на Западен Балкан, во 2003 година, каде ЕУ недвосмислено најави дека сите земји во регионот ќе станат членови на некои точка.





