Нетанјаху ја пофали идејата на Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа

Извонредна идеја, која треба да се анализира, но и да се реализира, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Газа од страна на САД.



„Сметам дека тоа ќе создаде различна иднина за сите“, изјави Нетанјаху за Фокс њуз.

„Вистинската идеја е да им се дозволи на жителите на Газа што сакаат да заминат, да си заминат. Што има лошо во тоа? Тие можат да заминат, а потоа можат да се вратат. Тие можат да се преселат и да се вратат, но прво Газа треба да се обнови“.

Трамп пред два дена изјави дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како „Ривиера на Блискиот Исток“.

Трамп: Палестинците да се раселат од Појасот Газа, САД ќе ја претворат во „Ривиера на Блискиот Исток“