Македонија не е единствена земја каде УСАИД финансирала пропагандни и цензорски картели, тврди член на екипата на Трамп

Македонија не е единствената земја каде американската Агенција за меѓународен развој УСАИД финансирала пропагандни и цензорски картели, тврди член на екипата на Трамп.



Сопственикот на видео сервисот Рамбл Крис Павловски кој има македонско потекло а е дел од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп вели дека освен во земји како Македонија УСАИД финансирала и медиуми во САД.

,,Издавачите на лажни вести ширум светот стануваат жестоки.

УСАИД финансираше левичарски картели за пропаганда и цензура. Тоа не се случуваше само во земји како Македонија, туку очигледно тие го финансираа Политико овде дома”, објави Павловски.

Според Македонецот ,,Божја работа” е она што сега го прави еден од најбогатите луѓе на светот Илон Маск кој освен што е сопственик на социјалната мрежа Х поранешен Твитер сега е одговорен за поефикасно работење на американските институции.

Меѓу другото Маск се залага за целосен ремонт на УСАИД која е на пат да биде функционално укината.

,,Илон ја врши Божјата работа во моментов”, смета Павловски.

Најчитани статии

Немало да се спаси дури и ако бил жена а не бил способен

Уставниот суд без дилеми: Претседателката не направила дискриминација врз екс првиот разузнавач