На Крис Павловски, основач и сопственик на платформата Рамбл и еден од блиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, првата асоцијација кога ќе се спомене Македонија му е Александар Македонски.
Во дебатата под неговата објава на Икс (поранешен Твитер) за „киднапирањето на Македонија од левичарски невладини организации и од УСАИД“, бизнисменот со македонско потекло и член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ реагира со „и јас“ на пораката од корисник на социјалната мрежа: „Кога помислувам на Македонија, мислам на Александар Велики“.






