Претседателката Гордана Сиљановска Давкова била дел од десеттиот патронат на средното училиште „Шаип Јусуф“ кое се наоѓа во општината Шуто Оризари.
,,Присуствував на свечената академија по повод патрониот празник и јубилејот – 10 години од основањето на Средното училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“.
Уживав во документарната филмска приказна за „Шаип Јусуф“, од раѓањето до денес. Ме импресионираа изборот и професионалната изведба на културно-уметничката програма од училишниот оркестар.
Ме радуваат високите постигнувања на учениците и нивните наставници на различни натпревари. Доделените награди и признанија на најзаслужните го рефлектираат препознавањето на нивниот вложен труд.
Честит јубилеј, честитки до наградените ученици и проекти. Бидете горди на тоа што сте го постигнале! Јас сум горда на вас”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова по настанот.














