Ова го објави бугарското радио БНР, повикувајќи се на податоците од кабинетот на потпретседателката Илијана Јотова.
Речиси 1.700 Македонци кои во 2024 година добиле бугарски пасоши, ја продолжуваат тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји.
Според годишниот извештај на Комисијата за бугарско државјанство, вкупно 16.500 лица лани добиле бугарско државјанство, што е за 4.000 повеќе од 2023 година.
На врвот на листата се државјани на Украина (2.400 лица), по што следат Турција (2.200) и Молдавија (1.800).
Македонија е на четвртото место со речиси 1.700 добиени бугарски пасоши.
Од БНР ја пренесуваат оценката од извештајот дека процесот на доделување бугарско државјанство продолжува да биде од интерес за голем број луѓе од регионот и пошироко.






