Илон Маск најави дека ќе ја укинува USAID

Мултимилијардерот Илон Маск, објави дека работи на затворање на американската агенција за меѓународен помош USAID пренесува Ројтерс.



Трамп го избра Маск да раководи со федералната комисија за намалување на трошоците на администрацијата.

Според Маск, претседателот Трамп се согласува дека треба да се затвори.

Во неделата, Ројтерс објави дека администрацијата на Трамп отстранила двајца највисоки функционери во USAID за време на викендот, откако тие се обиделе да ги спречат претставниците на таканаречениот „оддел за владина ефикасност“ на милијардерот Маск, да добијат пристап до ограничените делови од зградата

USAID e најголемиот поединечен донатор во светот.

Во фискалната 2023 година, САД исплатија 72 милијарди долари помош ширум светот за повеќе намени – од здравјето на жените во конфликтните зони до пристап до чиста вода, третмани за ХИВ/СИДА, енергетска безбедност и антикорупциска работа. Тој обезбеди 42% од целата хуманитарна помош следена од Обединетите нации во 2024 година.