„Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се сретна со сегашниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко. Меѓу другото, на средбата се разговарало и за локалните избори, што ќе се одржат наесен. Ахмети побарал Мерко да не се кандидира за уште еден мандат. Мерко го прифатил барањето на Ахмети под услов кандидат на интегративците да не биде Јетон Шаќири.“ – објави ТВ 21, повикувајќи се на свои извори на информации во ДУИ, во својата информација со наслов „Ни јас, ниту Јетон Шаќири“ / Ахмети се сретна со Мерко, разговараа за локални избори?“.
Телевизијата натаму истакнува: Струга е една од општините, каде се очекува тешка битка на локалните избори. Партиите се уште не ги откриваат своите кандидати, но се разговара за неколку имиња, кои би можеле да бидат кандидати за градоначалник на оваа општина. Како можен кандидат се споменува името на абдоминалниот хирург Фесих Шеху, но и на поранешниот министер за образование Јетон Шаќири. Потоа се споменува и Фатон Положани, поранешен заменик министер за транспорт.
Во трката може да влезе и Гарип Каба, сегашен заменик директор-директор на Царинската управа. Се споменува и името на пратеникот Салим Сулејмани. Други имиња, за кои се разговара, се Вегим Жаку од Делогожда, како и Менди Ќира, оретседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија. Не е исклучено и повторното кандидирање на Зијадин Села, кој претходно ја водеше оваа општина.
На парламентарните избори во мај минатата година Европскиот фронт од кој се ДУИ и АА на Села, доби 10250 гласа, коалицијата Вреди имаше 4600 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 6950 гласа, а СДСМ 2500 гласа.





