Пукање во близина на седиштето на ДУИ, има жртви

Сериозен инцидент се случил вечерва во близина на седиштето на ДУИ во тетовската населба Мала Речица.



Според сеуште официјално непотврдени информации во инцидентот кој се случил пред ресторан било пукано со автоматско оружје а има и жртви.

Засега нема информации за причините за инцидентот а според првичните наоди нема никаква поврзаност со најголемата партија на Албанците во Македонија.

Во инцидентот според жители на Мала Речица учествувале луѓе кои возеле возила со кумановски и скопски регистерски таблички.